Зоран Заев денеска на пладне пристигна во Кривичниот суд како оштетен во кривична постапка за 27 април. Неговото обезбедување стоеше пред судот еден час пред да дојде.
Обвинет за насилство е Илија Петрушевски, кој и сега, но и во времето на собраниските насилства работи во државна служба, односно во затворот во Идризово.
Петрушевски е обвинет дека сторил дело насилство за време на инцидентите на крвавиот четврток, а претходно е осудуван за тешка телесна повреда. Заев во сведочењето пред судот рече:
-Имав чувство кое никогаш дотогаш не сум го имал, имав страв дека ќе ми заврши животот.
Во овој процес како сведоци се појавија и министерот Дамјан Манчевски, како и Никола Ордевски.



