Девојката на Кијану Ривс ја споредуваат со Хелен Мирен

Дали Кијану Ривс излегува со Хелен Мирен?

Се чини дека ова беше првото прашање во главите на многу луѓе кога 55-годишниот актер се појави во јавност со својата девојка, визуелен уметник Александра Грант, во Лос Анџелес минатата сабота.

Корисниците на Интернет брзо ја забележаа сличноста помеѓу сребренокосата Грант (46) и Мирен, која освои Оскар за најдобра актерка за улогата на кралица Елизабета 2 во филмот „Кралицата“ (2006), пишува The StraitsTimes.

Mирен, (74), на премиерата на нејзиниот нов филм The Good Liar рече дека воопшто не и пречат споредбите со Грант.

„Ги видов коментарите,“ рече таа. „Тоа ми ласка затоа што таа е прекрасна “.

Мирен, која е во брак со американскиот режисер Тејлор Хакфорд од 1997 година, рече: “Јас многу добро го познавам Кијану. Тој направи филм со мојот сопруг и тој едноставно е најсимпатичната, најпрекрасна личност”.

Таа мислеше на филмот „Адвокат на ѓаволот“ од 1997 година, во режија на Хакфорд. Во филмот играат Кијану Ривс и Ал Пачино.

Ривс порано беше во врска со актерката Џенифер Сим, која почина во сообраќајна несреќа во 2001 година.

 

Треба да знаете
Последни објави