Женската бијатлонска репрезентација на Шведска го освои златниот медал на штафетната трка на 4х6 километри. Штафетата во состав Лин Персон, Мона Брорсон, Хана Оерберг и Елвира Оерберг беа најдобри на штафетната трка и триумфираа во време од 1:11.03.9 час.
Тие имаа шест промашувања во стрелање, но не добија казна бидејќи „се поправија“ со дополнителните куршуми.
Второто место и сребрениот медал и припадна на Русија за која настапија Ирина Казекевич, Кристина Резцова, Светлана Миронова и Ултана Нигматулина. Русинките имаа седум промашувања и еден казнен круг и на крајот заостанаа 12 секунди зад Швеѓанките.
Бронзениот медал го освоија Германките, Ванеса Војт, Ванеса Хајнц, франсиска Пројс и Дениз Херман со заостаток од 37.4 секунди.
Американецот Александар Хол е олимписки шампион во акробатско скијање во дисциплината слоупстајл. Тој за својот прв скок доби оценка 90.01 што беше доволно за златен медал. Среброто го освои неговиот сонародник Николас Гепер, а бронзата замина на градите на Јаспер Тјандер од Шведска.