Поранешниот аргентински фудбалер Серхио Кун Агуеро немаше поим во што ќе му се претвори животот откако дозна дека има сериозни проблеми со срцето, поради што на крајот на минатата година ја заврши кариерата.
Иконата на Манчестер Сити се пожали на болки во градите при судирот меѓу Барселона и Алавес кон крајот на октомври, за неколку дена подоцна да дознае дека има голем проблем со срцето.
Тој дојде на голема врата во Барселона, а за само неколку месеци остана во тимот без кумот Лионел Меси, кој замина во ПСЖ, а потоа ја дозна шокантната информација дека неговата кариера мора да заврши.
Два месеци по завршувањето на кариерата откри како се чувствува.
„Се гушам кога сакам да играм фудбал. Понекогаш мислам дека не можам да истрчам ниту еден спринт. Чувствувам дека срцето едноставно не ми работи”, изјави Агуеро.