Опремата на македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година која вчера отпатува за Шпанија каде на 14 ноември треба да одигра квалификацски натпревар од групата 6 за пласман на ЕП-2021, е зараобена на аеродромот во Мадрид. Поради ваквата одлука на шпанските власти синоќа избраниците на македонскиот селектор Благоја Милевски не го реализираа предвидениот трениг, а неизвесно е дали и кога ќе можат да почнат со подготвките кои беа палнирани да се одржат воАлкоркон каде на 14 ноември (в четрвток 19.45 ч.) треба да го одиграат и четвртиот натпревар од групата.
Целата опрема на репрезентацијата е задржана на аеродромот, бидејќи за подигање на истата им била потребна декларација какава македонската експедиција немала со себе. Помош била побарана и од Шпанската фудбалска федерација, а алармирана е и Македонската амбасада во Шпанија, но опремата сеуште не одблокирана.
Од Шпанската федерација одговорт за овој проблем е дека и тие не биле информирани за новиот закон и бараната декларација. ФФМ пак нема добиено никаков допис дека е потребна дополнителна документација за носење , односно подигнување на опрема. Од ФФМ за овој инцидент информираат дека е запознат и делегатот на натпреварот. Техничкиот менаџер на македонската репрезентација синоќа до 23 часот останал на аеродромот со економите и не добил информација што всушност им е потребно за да ја подигнат опремата. И покрај инсистирањето на македонската делагација на аеродромот да се појави и претставник на Шпанската федерација и по пет часа чекање истиот не се појавил.
Неизвесноста продолжува и уторов.
Шпанија е лидер во групата 6 со 9 бода по три одиграна натпревари, а Макеоднија е на делба на втората позиција со 7 бода.