Новиот кошаркар на Филаделфија сиксерс, Џејмс Харден, ќе го пропушти претстојниот Ол-стар натпревар на сите ѕвезди во НБА лигата бидејќи се уште не се опорави од повредата на ногата.
Харден се уште се наоѓа во процес на рехабилитација па поради тоа е донесена одлука да не учествува на натпреварот кој ќе се игра во ноќта помеѓу недела и понеделник (20 февруари) во Кливленд во тимот што ќе го предводи капитенот Леброн Џејмс.
Засега не е познато кој ќе го замени Харден на претстојниот Ол-стар натпревар, а одлуката ќе ја донесе комесарот на лигата, Адам Силвер.
Харден сезонава има просек од 22.5 поени, 10.2 асистенции и 8 скокови по натпревар.
На спротивната страна капитен е Кевин Дурант, но и тој нема да игра, а токму најинтересниот момент при изборот на составите е поврзан со него и со Харден.
До скоро беа соиграчи во Бруклин нетс, но Харден си замина, а само еден ден подоцна Дурант не го одбра во својот состав за Ол-стар мечот, во ситуација кога останаа само два кошаркари, популарната Брада и Руди Гобер.
Дурант се обиде да објасни зошто го одбра центарот на Јута џез, а не својот доскорешен соиграч Харден, што предизвика урнебесна реакција кај Леброн Џејмс.