Претседателот на Франција Емануе Макрон на средбата со претседателот Стево Пендаровски му најавил дека ќе ја посети Северна Македонија во првата половина на 2020-та.
На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји, стратешките определби на нашата земја за членство во ЕУ и НАТО, регионалните прашања и проширувањето на ЕУ.
По средбата, претседателот Пендаровски изјави дека разговорот со претседателот Макрон бил отворен, динамичен и ги слушнал аргументите на претседателот Макрон кои стоеја позади неговата одлука на 18-ти минатиот месец да се одложи давањето преговори на нашата земја.