Канадската рок-ѕвезда Нил Јанг им откри на новинарите дека неговата пријава за американско државјанство е привремено одложена делумно и затоа што консумирал марихуана во минатото, пренесува „Би-би-си“.
Легендарниот рокер, кој се пријави за двојно државјанство за да може да гласа во САД, рече дека го поминал поголемиот дел од тестот за државјанство, но дека пријавата засега е одложена делумно и затоа што користи марихуана.
Јанг, кој ќе наполни 74 години оваа недела, живее во САД од средината на 1960-тите.