Сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, во Најроби, Кенија, учествува на Најроби Самитот, што се одржува на 25-годишнината од Меѓународната конференција за население и развој (ICPD), одржана во Каиро во 1994 година. На таа конференција 179 влади усвоија програма за акција, со која се признава дека репродуктивното здравје, зајакнувањето на жените и родовата еднаквост се патот за одржлив развој.
На Самитот во Најроби, што се одржува од 12 до 14 ноември во организација на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), учествуваат повеќе од 6.000 делегати и со неговото одржување се очекува да се мобилизира политичката волја и финансиските заложби итно потребни за исполнување на програмата на ICPD.
На самитот Ѓоргиевска говореше на тема „Сексуално и репродуктивно здравје и права: основен елемент на универзалното здравствено покритие”.
Таа ја нагласи посветеноста на нашата земја кон заложбите и идеите на ICPD, како една од потпретседавачите на Конференцијата во историско време за нашата земја, набргу откако се стекна со независност. Тие заложби, без разлика дали се политички или финансиски, ќе бидат усогласени на глобално, регионално, национално и локално ниво од страна на владите, бизнис-секторот, фондациите и други организации.
Првата Национална стратегија за Сексуално и репродуктивно здравје беше развиена во 2010 година со времетраење од 10 години (2010-2020). Нејзиното вистинско спроведување започна со усвојување на Акциониот план за СРЗ во 2018 година. Ова беше најголем чекор во препознавањето на значењето на човековите права, поточно сексуалните и репродуктивните права, посочи Елизабета Ѓоргиевска.
Во согласност со Националниот извештај за проценка, а со цел да се подготви нов Акционен план за 2018-2020 година, се одржаа серија консултантски работилници со засегнати страни од различни сектори во земјава. Тој е еден од првите документи за национална политика што е усогласен со Акциониот план на СЗО за сексуално и репродуктивно здравје и целите на одржливиот развој.
Главните страни на Акциониот план се широко опфаќање на 9 тематски области: координација и меѓусекторска соработка, планирање на семејството, сексуално и репродуктивно здравје на адолесценти и млади, здравје на мајки и новороденчиња, безбеден абортус, родово базирано насилство, спречување и рано откривање на карцином на грлото на матката, превенција и рано откривање на карцином на дојка, ХИВ и СПИ.
Важноста на овој Акционен план за СРЗ е што се врши преку трансформации на ниво на систем, кои се од клучно значење за Северна Македонија.
„Јас лично не ја претпочитам титулата Прва дама, затоа што отсекогаш верував во еднаквост на сите луѓе и на сите жени. Првата работа што ја направив беше да го сменам ова од веб-страницата на Претседателот. Но, кога мојот сопруг стана Претседател на земјата, бев сведок на ситуација кога на луѓето им требаше некој да обрнува внимание на нивните проблеми, не мора да значи дека секогаш би можела да ги решам, но понекогаш им требаше некој што ги слуша. Јас немам моќ да ги менувам законите, но би можела да работам на подигање на свеста за проблемите. На луѓето им треба водство и лидерство. Им требаат луѓе со визија за да го променат општеството на подобро. Мојата цел е да ја истакнам важноста на одредени проблеми, кои не беа истакнати, и би сакала да бидам пример со дејствувањето. На пример, неодамна учествував во Кампања за подигање на свеста за кардиоваскуларното здравје на жените, учествувајќи на прегледи. Едно од најважните прашања што може да се направи како прва дама е создавање и градење нови партнерства – за да се постигнат целите на ICPD, треба да бидат ангажирани повеќе партнери (сите агенции на ООН, меѓународни компании, национални и меѓународни невладини организации, Фондови млади луѓе, лица со посебни потреби). И, конечно, Кабинетот на Претседателот може да биде голема поддршка во однос на видливоста и логистиката. Како непартиски претседател, тој се смета за претседател на сите граѓани и еден од неговите 8 приоритети што беа потенцирани дури и за време на кампањата и треба да се исполнат во првите 8 месеци од неговото претседателствување е родовата еднаквост. Кабинетот на Претседателот има 50% жени”, посочи Георгиевска.
Таа изрази надеж и залагање дека ќе придонесе во постигнување на трите нули до 2030 година: нула неисполнета потреба за планирање на семејството, нула превентивни смртни случаи на мајки и нула родово базирано насилство и штетни практики како што се детски брак и осакатување на жените.
„Треба да ги забрзаме напорите повеќе од кога и да е, и да го подобриме долгорочно здравјето на сите. Неопходно е обезбедување еднаков пристап до квалитетна и сеопфатна примарна здравствена заштита за сите жени во текот на целиот живот, потоа, развој на координиран систем на грижа и обезбедување грижа специфична за здравствените потреби на мајките, за секоја бремена жена и новороденче, така што жените ќе раѓаат безбедно”, рече во дебатата сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.
Организацијата на самитот е во соработка со владата на Данска и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Високите претставници на Самитот ќе излезат со соопштение што ќе внесе виталност во глобалната агенда за репродуктивно здравје и ќе се зголеми видливоста на агендата за репродуктивно здравје на глобално ниво.