САД ја знаат локацијата на третиот човек на Исламска држава, чиј лидер Абу Бакр ал-Багдади бепе убиен минатиот месец во американски напад во Сирија. Ова го изјави синоќа американскиот претседател Донал Трамп, по говорот што го оддржа во Економскиот клуб во Њујорк.
Според него, третиот човек во командната верига на ИД има многу проблеми, бидејќи САД знаат каде тој се наоѓа.Претходно САД соопштија дека го бараат Аби Ибрахим ал-Хашами ал Кураши, кој бил именуван за нов лидер на ИД.