Бојана победи во шоуто, ама и ракот го победи: Лекот ми е песната, го сакам животот!

Најважно е да се биде упорен и позитивно расположен, ни во кој случаj не смее да се мисли на смрт, тоа е најголемиот непријател за емоциите, вели победничката Бојана од шоуто “Никогаш не е доцна„ кое го следиме на ТВ Канал 5

-Јас со музиката се занимавам 29 години, никогаш не ја запоставив. Го запоставив единствено тоа медиумското експонирање и појавување.Запоставена е мојата комуникација со новинарите, а тоа ми е голем минус. Јас се повлеков за да се рехабилитирам и така останав 17 години надвор од естрадата, вака ја раскажа својата приказна Бојана Барјактаревиц овогодинепна победничка на балканското шоу “Никогаш не е доцна“. И ова шоу како и шоуто “Ѕвездите на Гранд“ (од двата од истата “Гранд продукција“) предизвика огромно внимание и кај македонската публика која ги прати преку ТВ Канал 5.

Победничката Бојана освен што сите ги рипна со победата и остави најсилен впечаток, таа си ја отвори душата и кусо раскажа за маките низ кои помина во својот ни најмалку лесен живот. Зад нејзиното насмеано лице и нејзината смисла за хумор, всушност се кријат многу таги.Таа имала рак и одвај останала жива.
-По пат на операции извадени ми се 24 жлезди. Имав 16 третмани со хемотерапија, а по првата останав без коса. Она што е добро е што сега имам нова коса и тоа 40% повеќе од порано. Најважно е да се биде упорен и позитивно расположен, ни во кој случа не смее да се мисли на смрт, тоа е најголемиот непријател за емоциите, раскажа Бојана за својата болест.

Публиката мошне добро ја памети Бојана како пејачка од бендот „Бон Ами“, кој своевремено беше многу популарна група. Бојана го отпеа и нивниот најголем хит „Магла“, кој и ден денес се слуша.
Иако нејзината изведба во финалето беше маестрална, сите најмногу го паметат нејзиниот настап со кој го расплака водителот Жика Јакшиќ, со интерпретацијата на песната „Појди со мене под виножитото“ од репертоарот на фолкерката Шемса Суљаковиќ.

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави