Македонските надежи против БиХ очекуваат победнички старт во претквалификациите

Со денешниот (13 ч.) натпревар против Босна и Херцеговина на теренот во СЦ „Петар Милошевски“ македонските фудбалски надежи до 19 години го почнуваат претквалификацискиот турнир за ЕП -2020. Покрај Македонија и БиХ во Групата 11 на која домаќин е ФФМ, учествуваат и соодветните селекции на Англија и Луксембург. На крајот од турнирот пласман во следната квалификациска фаза пласман ќе обезбедат првопласираните две селекции.
Македонската селекција предводена од селекторот Горан Станиќ нема да настапи на овој турнир во најсилниот состав. Поради повреди ќе недостасуваат Ибиши, Трпчевски и Таири и капитенот Тодоровски. И покрај проблемите со повредени играчи македонските надежи веруваат дека можат да се изборат за поволен резултат на стартот од натпреаврувањето со кој ќе си ги направат шансите за пласман посакуваната позиција пореални. Англија е фаворит во оваа група.
-Добро се подготвувавме, максимално сме спремни и со нетрпение го очекуваме првиот натпревар на овој турнир.Атмосферата е одлична, се надевам дека тоа ќе го пренесеме и на теренот против БиХ. Тоа ќе биде тежок натпревар, но со исполнување на задачите од стручниот штаб сметам дека имаме можност за добар резултат, вели Давид Тошевски напаѓачот од редовите на Работнички.
ДВОЈКИ – 1.КОЛО – ДЕНЕСКА (13:00 Ч)
МАКЕДОНИЈА – БИХ (Стадион на ФФМ)
АНГЛИЈА – ЛУКСЕМБУРГ (Стадион во Ѓорче Петров)

Треба да знаете
Последни објави