На 12.11.2019 во 14.30 часот на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип, мотоцикл „Арора“, управуван од З.Д.(47) од Штип, удрил во паркирано патничко моторно возило „тојота јарис“, со штипски регистарски ознаки, по што паднал на коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.