На 12.11.2019 околу 15.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во болницата во Кавадарци со тешки телесни повреди бил донесен А.И.(71) од Кавадарци. Според пријавеното, тој се здобил со повредите затоа што се превртел тракторот со кој го орал овоштарникот во м.в. „Макарија“, атар на с.Камен Дол.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.