Судија во Тексас, САД и нареди на болницата да не го исклучува од апарати деветмесечното бебе кое се бори за живот, се додека неговото семејство не најде решение за лекување на детето.
Деветмесечната Тинсли Луис е родена со ретка срцева мана и страда од хронично заболување на белите дробови. Лекарите во болницата во која што е сместена, планирале да ја исклучат од апаратите за дишење, поради болките кои ги трпи детето и тешката здравствена состојба за која веруваат дека и нема спас. Но, со одлука на судијата во тексас, болницата ќе мора и понатаму да се грижи за бебето, а семејството до крајот на ноември ќе мора да најде решение за бебето.
Тинсли е роден со ретка срцева болест, наречена Ебштајн аномалија и страда од хронично заболување на белите дробови и тешка хронична пулмонална хипертензија, изјавија од детската болница Кук. Поради тоа , таа од раѓањето се наоѓа на интензивна нега, каде што се одржува во живот.
„Веруваме дека животот на секое дете е свет, ние исто така веруваме дека ниту едно дете не треба да биде осудено на живот во болка. Сетаме дека е во нејзин најдобар интерес да ја ослободиме од вештачка, медицинска интервенција и страдање“, велат од болницата.
Но, со налогот на судот нејзиниот третман е продолжен до 23 ноември.
Мајката на Тинсли, Тринити Луис вели дека нејзиното дете ги заслужува сите шанси што може да ги добие за да преживее. Семејството веќе посетило 20 установи од Лос Анџелес до Филаделфија за да види дали друга болница ќе ја преземе грижата за бебето. Но, сите тие се согласиле со проценката на детската болница Кук за нејзината состојба и рекле дека неможат ништо повеќе да сторат. Лекарите тврдат дека детето е постојано под седативи за да не чувствува никаква болка.