Градоначалникот Петре Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска се сретнаа со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, по повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.
На средбата, Шилегов им се заблагодари на борците за несебичната и пожртвувана борба за слободата по која копнееле генерации скопјани, им пожела добро здравје и понатамошна успешна соработка.
Градоначалникот нагласи дека покажувајќи почит и внимание за ликот и делото на луѓето кои несебично ги положиле своите животи за нашата слобода покажуваме колку го сакаме сопствениот град и сопствената земја.