Мега популарната актерка која јавноста во регионот ја познава по многуте серии, како „Жикина Династија“, „Бољи живот“ и уште многу филмови и серии во петок (15. ноември), гостува во Струмица со хит комедијата „Чекајќи го министерот“.
Хит комедијата која ќе биде поставена во Центарот за култура во Струмица, ги освојува срцата на сите гледачи во сите земји ширум светот.
Во неделата и понеделникот во Театар Комедија пред преполна сала, а во петок Лидија Вуќичевиќ заедно со Милан Пајиќ и Семир Гичиќ ќе го чекаат министерот во Струмица.
Претставата ќе се одигра во Центарот за култура со почеток 20 часот, а билетите се по цена од 200 ден.