Промоцијата на песната „Инсиеме“ на македонски јазик ќе се одржи во вторник, 13 декември, кафе-клуб Мош, со почеток во 12 часот. Влезот е слободен.
Европскиот сон е, конечно, остварлив. Во овој период најпотребно е да се обединат општеството и сите политички фактори за остварување на заедничкиот интерес – членство во ЕУ.
ЦИВИЛ – Центар за слобода започна нова иницијатива за промоција на европските вредности, градењето на општествената кохезија и полноправното членство во Европската Унија.
Иницијативата го носи насловот „Заедно“, според песната на познатиот италијански автор Тото Кутуњо (Insieme), со која тој победи на Евровизија во Загреб, 1990 година. Промоцијата на песната „Инсиеме“ на македонски јазик ќе се одржи во вторник, 13 декември, кафе-клуб Мош, со почеток во 12 часот. Влезот е слободен.
Со оваа иницијатива, Цивил дава свој придонес кон цврстата и недвосмислена определбата на македонското општество да се приклучи кон големото европско семејство на демократски и суверени нации. Време е сите граѓанки и граѓани без оглед на нивната припадност и потекло, сите политички партии, верски заедници, граѓански и политички организации, групи и иницијативи, да се обединат во заедничката цела и стратешката определба на државата – членство во ЕУ.
Иницијативата на Цивил да ја промовира европската идеја во нашето општество се состои во тоа што познатиот хит на Тото Кутуњо ќе го испеат повеќе наши познати музички ѕвезди.
Цивил ги повикува сите политички партии да ја прифатат оваа иницијатива како своја и преку неа да ги промовираат своите ставови и определби за европска иднина на нашата земја.
Песната на Тото Кутуњо е симболичен придонес на Цивил кон промоцијата на европските вредности и поддршката за евроинтеграцискиот процес кој, по долгото чекање, доби конкретен и извесен тек.