Лаверн Кокс (47), sвезда на серијата „Портокаловата е нова црна“, на премиерата на „Чарлиевите ангели“ во Лос Анџелес ги шокираше фановите со својот избор на фустан. Таа се појави на црвениот килим во проѕирен фустан, без долна облека. Комбинацијата ја дополни со проѕирни потпетици, а брадавиците ги покри со две црни ленти.
Во серијата таа ја глуми фризерката и затвореничка Софија Бурсет и е првата трансродова жена која добила восочна фигура во музејот „Мадам Тисо“.
Иако е родена како маж, таа отсекогаш се чувствувала како жена. Кокс беше рангирана на првото место на списокот World Pride Power на Гардијан, кој ги истакнува највлијателните ЛГБТ луѓе во светот.