Марк Грин, администраторот на Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД) денеска го посети Универзитетот на Југоисточна Европа. Со работата и резултатите на Универзитетот го запозна ректорот Абдулменаф Беџети.
– За Универзитетот ова е големо признание да го посети човек од ваков висок ранг на таа институција. Воедно тоа е обврска за нас да ги следиме нивните преораки да бидеме што е можно повеќе до приваниот сектор односно да генерираме профили и кадри за пазарот на трудот базирано на практично знаење. Кај нас практчината настава е значително присутна и сега ќе се обидеме уште повеќе да ја имплементираме, истакна ректорот Беџети.
Пошироката цел, рече, е наоѓање работни места тука и намалување на емиграцијата.
-Ќе се обидеме таа практична работа да ја има во сите студиски програми, што на долг рок ќе значи можност за стопиразње на емигратскиот егзодус и пошироки можности за вработување. Во таа насока гостинот Марк Грин, го запознавме со Технолошкиот парк, Центарот за кариера и Бизнис иновативниот центар каде студентите имаат практична работа и можност за вработување. Во технолошкиот парк имаме 13 компании над 300 студенти со практична работа како и 3 американски компани кои обезбедуваат услуги за американскиот пазар со по 10-тина вработени, рече Беџети.
Администраторот Грин на мини-саем се запонна и со компании од Северна Македонија кои оставриле соработка и бизнис развој со поддршка на програмите на УСАИД.