Во дербито на 24 коло од Ла Лига, Виљареал и Мадрид ги поделија бодовите играјќи без голови.
И покрај ремито, Реал Мадрид остана на лидерската позиција на табелата со 54 бода, четири повеќе од Севиља која е втора и е единствен кандидат за титулата бидејќи третопласираниот Бетис има 40 бодови.
Фудбалерите на Реал Мадрид во првото полувреме имаа поголем посед на топката, а неиграњето на Бензема и Менди и тоа како се почувствува кај „кралевите“. Герет Бејл кој доби шанса наместо Бензема, одигра прилично лоши, неговите додавања најчесто завршуваа кај домашните фудбалери. Воедно, „кралевите“ ја имаа и најубавата шанса на натпреварот, кога Лука Јовиќ во 93. минута излезе очи в очи со домашниот голман, се реши на лоб, но неговиот удар заврши само во гредата.
На спротивната стран, и Виљареал имаше свои шанси, Данхума ја погоди стативата, додека шутот на Морено го одбрани Куртоа.