Македонските надежи ремизраа со БиХ на стартот од претквалификациите

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години на стартот од претквалификациската група за ЕП која се игра во Скопје, ремизираше со соодветната селекција на Босна и Херцеговина (0:0). Средбата се одигра на теренот од СЦ „Петар Милошевски“ крај ФФМ. На втората средба од групата, одиграна на стадионот во „Ѓорче Петров“ , фаворитот Англија без проблеми стаса до убедлив триумф  (4:0) против Луксембург. Македонија и Англија ќе ги одмерат силите во 2. коло кое се игра на 16 ноември.

По дуелот меѓу Македонија и БиХ, гостите треба да бидат тие кои ќе жалат за пропуштената шанса да ги освојат трите бода. БиХ имаше три-четири изгледни прилики за гол, а на двапати гредата им беше сојузник на избраниците на македонскиот селектор Горан Станиќ.

Треба да знаете
Последни објави