Во повеќе француски градови денеска продолжија студентските протести во знак на поддршка на нивен колега кој се самозапали минатата недела поради сиромаштијата во која живее. На денешните протести се приклучија и средношколците, јави дописникот на МИА.
Протести вчера имаше во повеќе француски градови, како и во Лион. Во Париз синоќа студентите ја урнаа металната ограда на Министерството за образование. Дваесет и две годишен студент од Сен-Етјен се самозапали во петокот пред зградата на КРУС (Регионален центар за академски и школски прашања) во Лион. Неговиот обид за самоубиство било мотивирано од финансиски тешкотии. Жртвата е хоспитализирана во Лион и е во сериозна здравствена состојба. Тој бил спасен откако неговата девојка ги предупредила пожарникарите за неговите намери, кои интервенирале брзо, но сепак жртвата се здоби со изгореници на 90 отсто телото.
Младиот студент е активист во синдикатот „Солидер” и претходно објави порака на својот профил на Фејсбук. Во пораката тој го осудува укинувањето на неговата стипендијата, и пошироко, политиката на сегашната и претходните влада.