Составот на Бохум го направи најголемо изненадување на денешните средби во Бундеслигата каде го суреди актуелниот шампион и лидер во шампионатот Баерн Минхен со 4-2.
Бохум е позната како екипа која е незгодна на домашен терен, но никој не очекуваше ваков резултат особено ако се знае дека баварците поведоа со погодокот во раната фаза на Левандовски (9 минута). Меѓутоа одговорот на домаќините беше брутален и неверојатен, па до крајот да првиот дел дадоа четири гола преку Антви-Аџеи, Локадија, Гамбоа и Холтман за 4-1 на паузата.
Со ова Бохум испиша историја, стана прв тим по 1975 година кој успеал да му даде четири гола во прво полувреме на Баерн во германското првенство, односно да застане во редот на Ајнхтрахт Франкфурт кој пред 47 години ги уништил баварците со 6-0 од кои 5 погодици биле во првите 45 минути.