Новак Ѓоковиќ вчера загуби од Диминик Тим во неверојатен меч во кој се одиграа три сета (7:6,3:6,6:7).
Вчерашниот дуел со Тим освен по неверојатната игра на двајцата тенисери, го привлече вниманието на балканските медиуми и јавност и поради реакцијата на Ѓоковиќ.
Имено, во третиот сет при водство на Тим од 2:0 во гемови, Ѓоковиќ имаше испад откако освои еден поен. По одличниот сервис на Ѓоковиќ, Тим ја испрати топката во аут, по што следеше излив на емоции од страна на Србинот:
„Кажи нешто пи*ка му материна“ викаше Ѓоковиќ кон сопствената ложа во која се наоѓаа двајцата тренери, Маријан Вајда и Горан Иванишевиќ.
Не е јасно кон кого беа упатени овие зборови, но и двајцата тренери многу добро разбраа што кажа Ѓоковиќ.
Видеото со реакцијата на Ѓоковиќ можете да го погледнете ТУКА.