Македонскиот претставник Алкалоид по минималниот пораз во дербито на 3. коло од Европскиот клупски куп во шах, од рускиот шампион Медни Всадник (2,5:3,5), брзо најдоа ефикасен лек да им се вратат на победите и да стигнат до поскауваниот убедлив триумф. Во 4. коло настрада српскиот претставник Итака кој беше совладан со 5:1. Убедливиот триумф беше императив за Алкалоид, за да ја продолжи битката за медалите.
Алкалоид со 4 победи и две реми дојде до резултат 5:1 против екипата Итака од Србија. Ковалев, Шанкланд и Криворучко со сигурна игра извојуваа победи. Следеа две реми на Андреикин и Инаркиев. Најголема борба се водеше на првата табла, меѓу велемајсторите Мамедјаров и Инѓиќ кој ја доби играчот на Алкалоид.
По одиграни четири кола, само 4 екипи (од вкупно 66 клуба кои учествуваат) имаат максимални 8 бода, а потоа следи група со 6 бода, меѓу кои и екипата на Алкалоид.
Во петото коло, ШК Алкалоид за противник ја има екипата од Швајцарија „Zurich Schachgesellschаft“.