„САД се држава која е изградена како политички режим на бандитски групи. Американскиот претседател не ја претставува државата, тој е само извршен директор на компанија. Зад тој директор стои совет на директори, а советот го сочинуваат големите американски компании кои се реални сопственици на државата: тоа се нафтените компании, производителите на оружје, банките и другите лобија“, изјави Асад, одговарајќи на прашањето дали смета дека американските акции во Сирија се политички бандитизам.
Според сирискиот лидер, тоа е природен резултат на постоењето на американскиот систем.
„САД не се држава, туку режим чие раководство го именуваат компаниите кои работат за сопствена корист. Сакам да ве потсетим на еден момент: еден од најважните фактори кои го поттикнаа Хитлер на напад на СССР во Втората светска војна беше нафтата. Денес САД се занимаваат со итите работи, имитирајќи ги нацистите: експанзија, освојувања, поткопување на интересите на друготе народи, газење на меѓународното право итн. И сето тоа поради нафтата,“ вели Асад.