Нема поголем патриотизам и почит кон државата од она што се направи во изминатите 2.5 години за граѓаните и државата. За не цели две и пол години успеа да ги реши најголемите прашања со нашите соседи, да го отвори патот кон иднината. –истакна Стојанче Ангелов – претседател на партијата Достоинство на трибината од Делчево.
Тој посочи дека благодарение на политиките на Владата предводена од СДСМ денес можеме да кажеме дека сме горди Македонци, на Северна Македонија, но не сме повеќе Скопјани, како што претходно беше.
За нецели две години , се реши проблемот не само со Грција и Бугарија,нашите соседи, туку се решија и внатрешните проблеми и меѓуетнички затегнати односи.
Благодарение на политиките на Владата предводена од СДСМ и програмата за едно општество за сите , денес сите заедно живееме и функционираме.
Денес нашата држава е држава за сите граѓани кои живеат во неа, без разлика на нивната верска и политичка припадност.-порача Ангелов.
Тој посочи дека успесите се гледаат и во тоа дека наскоро стануваме и членка на најголемиот и најмоќниот сојуз во светот, НАТО сојузот но и порача дека искрено се надева на добивање на датум за преговори со ЕУ , затоа што нашата држава и граѓаните тоа го заслужуваат.