Прво злато за САД – Џејкобеликс победи во сноуборд крос

Линдзи Џејкобелис го освои златниот медал во сноуборд крос на Зимските олимписки игри во Пекинг. Ова е првиот златен медал за САД на Игрите.

Џејкобелис, на залезот од кариерата го забележа најголемиот успех. Во Торино, во 2006 година, на неверојатен начин остана без златниот медел, додека во 2010 и 2014, во Ванкувер и Сочи, не успеа да влезе во финалето.

Среброто, во оваа трка го освои Клое Треспеш од Франција, а бронзата заврши кај Канаѓанката Мариет Один.

Треба да знаете
Последни објави