На маргините на четвртиот Самит во Солун, премиерот Зоран Заев синоќа имал средба со амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат, на која станало збор за евроатлантската перспектива на земјава, јави дописничката на МИА од Атина.
– Одлична дискусија со премиерот Зоран Заев за силната американска поддршка на САД за интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ и за важната улога на Грција во оваа евроатлантска иднина преку зголемената соработка во одбраната и безбедносната, енергетиката, трговијата и инвестициите, напиша американскиот амбасадор во Грција на неговиот официјален Твитер.