Еурофарм Пелистер имаше победнички старт на новата сезона во СЕХА лигата откако со 25-23 победи на гостувањето кај Партизан.
Битолчани имаа силна поддршка од своите навивачи во Белград кои направија фантастична атмосфера.
Еурофарм Пелистер во текот на првото полувреме на двапати имаше предност и од пет разлика, на одморот заминаа со водство од 13-10.
На стартот на вториот дел битолчани повторно дојдоа до пет гола предност (17:12), но следуваше пад, па Партизан дојде до израмнување 19-19.
Потоа Пелистер направи серија од неколку гола и уште на пет минути пред крајот дојде до три гола разлика, предноста ја одржуваше до крај за конечни 25:23.