Поранешниот премиер на Непал, Мадхав Кумар Непал ќе одржи почесно предавање на Меѓународниот Балкански Универзитет. Тема на предавањето е “Иднината на светот: зелена и паметна”, а ќе се одржи на 25ти ноември, со почеток во 11 часот во конференциската сала на МБУ.
Мадхав Кумар е познат на светската јавност како човек со напредни размислувања и со неговите заложби за промовирање на достоинството на Непал, социјалниот и економскиот развој. Посебно е ценет заради неговата улога што ја одигра како архитект на мировниот процес на Непал, притоа ризикувајќи ја својата лична безбедност и политичка кариера. Г. Непал беше клучен за решавањето на насилните и вооружени немири кои траеја од 1996 до 2006 година. Како премиерот на Непал, г-дин Непал е запаметен по неговото ефикасно постапување со домашните одговорности и надворешните работи. Тој беше успешен во решавањето на прашањата на екс-маоистичките бунтовници преку интеграција и рехабилитација.
На меѓународната сцена, тој активно учествувал на повеќе од стотина меѓународни работилници, семинари и конференции. Голем придонес даде за понатамошно развивање на односите на Непал со другите земји и помогна во промовирањето на меѓународното разбирање.
Предавањето на г. Мадхав Кумар Непал ќе биде од отворен карактер и Меѓународниот Балкански Универзитет ги поканува сите заинтересирани да присуствуваат на овој исклучителен настан и да ја искористат уникатната можност да го слушнат предавањето на еден од најголемите политичари на денешницата.