Од хемотерапија до олимписко злато: Прекрасна спортска приказна во Пекинг

Макс Парот денеска стигна до златниот медал во сноуборд слоупстајл на Зимските Олимписки игри во Пекинг.

Канаѓанецот славеше со фантастичното возење во втората рунда кога освои 90,96 бодови. Среброто му припадна на Кинезот Јиминг Су, додека со медал се закити уште еден Канаѓанец Марк Мекморис, кој беше трет.

Победата на Парот е уште поголема, бидејќи овој сноубордер по Игрите во Пјонгчанг пред четири години имаше сериозна болест. Му беше дијагностициран рак или Хочкинов лимфом. По шест месеци интензивна хемотерапија тој успеа да се опорави и да им се врати на натпреварите.

Треба да знаете
Последни објави