Почина Благоја Јордановски еден од првите народни учители и еден од основачите на детскиот фестивал „Златно славејче“

Почина Благоја Јордановски, еден од првите македонски народни учители, еден највредните и најпознатите активисти околу детското згрижување и напредување во нашата земја.

Јордановки е роден на 25.02.1930 година во Штип. Припаѓа на првата генерација народни учители кои ја завршија учителската школа во “ Никола Карев”. Беше директор на пионерскиот дом “Карпош” и секретар на Градскиот сојуз за грижи и воспитување на децата од Скопје, како и учител и директор на децата прогонети од Егејска Македонија во градот Бела Црква, Војводина. Тој е еден од основачите на детскиот фестивал „Златно Славејче“. Добитник е на наградата 13 Ноември за заслужен граѓанин за учество во тимот за обнова на Скопје по земјотресот во 1963 година како и други позначајни награди.

Погребот ќе се одржи на 16.11.2019 година на градските гробишта во Бутел, со почеток во капела во 12:30 часот.

 

Треба да знаете
Последни објави