Манчестер сити може да биде исфрлен од ЛШ

Судот за спортска арбитража во Лозана ја одби жалбата на англискиот фудбалски шампион  Манчестер сити за казната која тимот од „Етихад“  ја заработи поради кршење на финансискиот фер-плеј, пренесуваат медиумите од Островот. Конечната одлука околу кршење на финансискиот фер-плеј се очекува да биде донесена следниот месец.

Најстрога казна би била англискиот гигант да биде исфрлен од Лигата на шампионите следната сезона, а „граѓаните“ ќе бидат среќни доколку само поминат со парична казна, која за нив не претставува никаков проблем.

Треба да знаете
Последни објави