Португалија се врати од 0:2 негатива за да стигне до 4:2 победа над Русија во финалето на ЕУРО 2022 во футсал во „Зиго арената“ во Амстердам за да станат третата репрезентација со повеќе од една европска титула во фудбалот во сала.
Португалците го одбранија трофејот од 2018 година, а во исто време ја додадоа европската титула на таа од Светското првенство која ја освоија лани, додека Русите по титулата во 1999 година, загубија петто финале на ЕП, а тука е и поразот во финалето во 2016.
Двете репрезентации влегоа во финалето непоразени и Русите почнаа подобро, стигнувајќи до 2:0 водство преку Соколов (10.) и Афанасјев (13.), за пред полувремето Португалците да намалат на 1:2 преку Пако во 19. минута. Коељо во 32. и 34. минута го комплетираше пресвртот за Португалија, пред Варела во 40. минута да стави точка на натпреварот.
Бронзениот медал во Амстердам им припадна на седумкратните европски шампиони, Шпанците, кои со 4:1 ја совладаа Украина.