Животната приказна на Малиот Дејан ќе ви го скрши срцето. Додека неговите врсници се грижат какви телефони или патики имаат, единаесетгодишниот Дејан пешачи пет километри низ шума за на училиште. Го дели креветот со баба, а живее во дрвена куќа без бања или вода, каде електричната енергија честопати се губи. Но, тоа не е најтешкиот дел од неговиот живот. Поточно, пред четири години, неговата мајка ја зеде помладата сестра и замина, а Дејан го остави – замина и никогаш не се врати.
До куќата на Дејан нема автобус, пешачи до училиште и назад двапати на ден. Најтешко е во зима, а на патот знаат да му се појават и диви животни, но малиот Дејан вели не се плаши
„Имаше мечка овде, но не сум исплашен. ќе се вратам дома, ќе отспијам додека не замине, вели храбриот мал човек, единаесетгодишниот Дејан Зориќ.
Дејан живее во стара дрвена куќа во село Агич во Хрватска. Куќата се распаѓа но за него таа е дом. Живее со неговата баба, Стена Зориќ, која му е поддршка и потпора , а за него вели такви деца можам да исчувам уште пет.
„Тој сам си пишува домашна задача, се облекува, чисти“, вели Стана.
Тато и дедото работат во рудникот и се повеќе на работа отколку дома. Тато спие во колибата што порано беше штала. Дедо спие на еден кауч а тој и баба делат еден кауч. Поради нејзините болки во нозете, спие речиси седната, па затоа вели дека не им е тесно.
Мајкаму го напушти пред повеќе од четири години. Едно утро ја зеде неговата помлада сестра и само замина. Таа одзеде некого што тој најмногу го сакаше, кого сè уште го сака најмногу.
„Кога замина, таа имаше четири, четири и пол години. Така, за една и пол година ја видов двапати и никогаш повеќе не ја видов“, вели тој, додавајќи дека името на неговата сестра е Дејана Зориќ.
Дејан – Дејана – Таа го доби името по него, а сега дури и не знае како изгледа. Не знае зошто мама заминала на таков начин, но знае дека тие живеат некаде наоколу, незнае каде точно, но успеал да ја пронајде на фејсбук.
„Ја најдов мајка ми на Фејсбук, имаше слика од неа. Испратив барање за пријател, но таа не ме прифати, го одби барањето“, рече Дејан и додаде дека искрено не знае што би и кажал на мајкаму да ја види, но би ја замолил да ја му ја врати сестричката.
Дејан ја носи својата тага со себе и ја мери храброста со солзи што не ги пуштил. Дури и море солзи не би било доволно за да се измие целата тага и сите тешки работи што ги преживува ова момче во животот. Но Дејан сè уште сонува за сестра и подобра иднина.
Дејан освен на училиште пешачи и за да вежба карате. Неговата волја го трогнала тренерот Милан. Малку денес има деца како Дејан, вели тој.
“Ние сме многу неблагодарни, особено во денешно време, кога апсолутно сè е обезбедено за деца. И тогаш е многу тешко кога ќе се најдете во ситуација кога ќе ја видите оваа друга страна, каде едно 11-годишно момче практично нема ништо”, рече тренерот на Дејан Милан Јованиќ.
Тренерот е и самиот татко на две момчиња, и се обидува колку може да му помогне, му купил патики и кимоно за тренинг, но не застанал тука. Тој и неговиот колега Владо Марјановиќ решија да преземат активности за да му помогнат на Дејан.
„Крајната цел е тој да биде во неговата куќа за Божиќ. Најдовме парче земја која е покрај патот и поблиску до училиштето, велат тренерите. Тие сакаат да купат монтажна куќа за Дејан и семејство – дом во кој повеќе не би требало да дели кревет со баба, во кој би имал своја соба.
Тој сè уште не разбира многу, но на единаесетгодишна возраст, тој знае премногу. И не треба многу години да се биде голем човек. Само треба да има неверојатна сила.
Видео сторијата погледнете ја на следниот ЛИНК