Кипар ја обвини Турција дека го прекршува меѓународното право со почнување операции во близина на островот и во потрага по нафта и гас.
Во соопштението на кипарското претседателство се наведува дека фактот оти овие нови нелегални активности биле објавени во истиот ден кога стапила на сила новата рамка на санкции на ЕУ, е манифестација на екстремно и провокативно непочитување на меѓународното и европското право.
Европската Унија неодамна претстави систем за воведување санкции на Турција поради тоа што неовластено спроведувала дупчења во Средоземното Море близу Кипар заради експлоатација на гас.