Каталонскиот гигант Барселона му одржа лекција на големиот ривал и актуелен шпански шампион Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“, откако славеше со 4-2 по голем пресврт и така се проби во топ-4 во Ла Лига.
За првиот гол на средбата се чекаше само осум минути, кога Јаник Караско го замолче стадионот во Каталонија, меѓутоа тоа беше само затишје пред бура бидејќи Барселона го врати ударот по само две минути. Дани Алвеш испрати центаршут, а Алба постигна спектакуларен гол со волеј за 1-1, а потоа во листата на стрелци до крајот на првото полувреме се запишаа Гави и Роналд Араухо.
Голот на Алба може да го поглнете тука!
Надежта на гостите од Мадрид дека ќе освојат барем бод ја уништи искусниот Дани Алвеш во 49. минута, кога ја затресе мрежата на еден од најдобрите голмани во светот, Јан Облак за предност од 4-1. Дани од 2013 година немаше дадено гол во дресот на Барса, а попладнево го имаше сефтето против Атлетико. Адреналинот беше на високо ниво кај него, па не успеа да ги исконтролира нервите до крај, и доби директен црвен картон за фаул над Јаник Караско.Со 38 години и 276 дена, Бразилецот стана највозрасниот фудбалер во историјата на Барселона кој постигнал гол на официјален натпревар, но и кој бил исклучен.
Во продолжение од средбата Луис Суарез погоди против својот поранешен тим за 2-4, но тоа беше сè од гостите затоа што мрежите мируваа до последниот судиски свиреж.
За Барса дебатираа новите засилувања-Адама Траоре играше во стартниот состав и одигра одлично, додека Обамејанг дебитираше во последните дваесетина минути.
Dani Alves straight red ???? pic.twitter.com/1DQteBSTcC
— ESPN FC (@ESPNFC) February 6, 2022