Хрватскиот фудбалски репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ е главниот конкурент на македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски за трансфер во Вилјареал. Шпанскиот прволигаш бара замена за аргентинскиот голман на мрежата Херонимо Рули, кој на стартот на овој зимски преоден рок се пресели во Ајакс.
Столе Димитриевски и Доминик Ливаковиќ се најавуваат како најсериозни кандидати да го наследат Рули на голот на Вилјареал.
Ливаковиќ претходно беше поврзуван со преселба во Баерн или Ајакс. На 28-годишниот голман му останува уште една и пол година од договорот со Динамо Загреб, а хрватскиот шампион би го продал за околу 15 милиони евра.
Столе Димитриевски е поевтин, Рајо Ваљекано за него бара отштета од 8 милиони евра.