Жиру со два гола за три минути го сруши Интер

Екипата на Милан со пресврт забележа спектакуларна победа од 2:1 во градското дерби против Интер.

Актуелниот шампион на Италија, Интер го доби првото полувреме, со голот на Иван Перишиќ во 38. Минута. По метеж што настана во зоната на Милан, крилото на Интер беше непокриен за да упати топката во долниот дел на голот на Мињон.

Голот на Перишиќ погледнете го тука.

Стефано Пиоло реагираше и направи две измени на почетокот од второто полувреме. Брахим Диаз и Жуниор Месиас добија шанса за настап во дербито. Домашната одбрана одлично се справуваше со притисокот и не дозволуваше гоелми шанси пред голот на Самир Хандановиќ. Интер направи дефанзивна измена и го внесе Артуро Видал на местото на Хакан Чалханоглу, што само ја потврди намерата да се сочува минималниот резултат.

Првиот гол на Жиру погледнете го тука.

Сепак, гостите успеаја да израмнат благодарение на Жиру. Францускиот напаѓач најпрво украде топка, а потоа со многу среќа се најде на подалечната статива за со лизгачки старт да ја погоди целта во 75. минута. Неколку акции подоцна тој одлично се ослободи од противничкиот чувар и погоди вторпат, за комплетирање на шокот за домаќинот. Тоа беше моментот со кој Милан успеа да се врати на втората позиција на табелата и да ја намали предноста на лидерот на само еден бод.
На крајот од натпреварот, Тео Хернандез беше казнет со црвен картон за прекршок против Дамфрис.

Победничкиот гол погледнете го тука.

Милан после ова победа има 52 бода, со само бод помалку од Интер, кој е лидер во Серија А, но шампионот има и натпревар помалку.

Треба да знаете
Последни објави