Домаќините на преполниот стадион „Ернст Хапел“ во Виена дојдоа во водство во седмата минута кога Конрад Лајнер му асистираше на Давид Алаба, поради лошата поставеност на дефанзивната линија за офсајд замка, иако судијата немаше да згреши и да го поништеше голот.
На полувреме се отиде со истиот резултат, иако Австријците имаа неколку шанси, но приказната од првиот се повтори во вториот дел. По само три минути игра домаќинот имаше 2:0 откако Марсел Сабицер силно шутираше кон голот на Столе Димитриевски, но македонскиот голман извонредно интервенираше. Сепак, по корнерот, Штефан Лајнер го зголеми водството на Австрија на 2-0.
Енис Барди во 50.минута имаше одличен обид кога директно од корнер шутираше во голот со големо ефе, но Александер Шлагер спаси во последен момент.
Најубавата шанса за Македонија ја имаше Влатко Стојановски во 74.минута. Шутираше од 15 метри, но за малку крај дирекот од голот на Австрија. Две минути подоцна, голманот Александер Шлагер спаси погодок за Македонија со одлична интервенција, а повторно шутираше Влатко Стојановски, овојпат со глава. Во самиот финиш, Влатко Стојановски, успеа да погоди за намалување на 2-1, што беше и конечен епилог.
Со три победи, две ремија и четири порази, Македонија по девет кола е на четвртата позиција во групата со 11 бода и во вторник во Скопје го пречекува Израел. Со триумф ќе бидеме четврти, а доколку и Полска ја совлада Словенија, можеме да се надеваме на пласман на третото место на конечната табела.