Вујовиќ за прв пат ќе тренира женски тим, ќе си ја проба среќата во Подравка

Претходниот тренер на РК Вардар, Веселин Вујовиќ за прв пат во тренерската кариера ќе биде предводник на женски тим.

Хрватскиот првак Подравка Вегета ќе биде следната дестинација за популарниот Вујо, а ќе му биде понуден договор до крајот на сезоната.

Како што е добро познато, Вујовиќ и Вардар го раскинаа договорот пред неколку месеци а тој сега е без ангажман.

Раководството на Вардар, пак на неговото место го донесе Давид Дејвис Камара кој што вчеравечер го имаше своето деби како тренер на клупата како прв предводник.

Треба да знаете
Последни објави