Руски пожарникар стана инстант миленик на корисниците на социјални мрежи, откако противпожарната служба објави снимка како со обидува да оживее мачка, која неколку минути претходно ја спасил од стражен пожар.
Во објект од историско значење биле спасени 35 жители и две миленичиња во градот Твер кој се наоѓа на околу 160 километри североисточно од Москва.
Мачката вдишала од густиот чад, додека пожарникарите ги евакуирале жителите од зградата во пламен.
На снимката се гледа како еден од пожарникарите го мие лицето на мачката со вода од бара и го користи неговиот апарат за дишење кој се користи при вдипување на густ чад.
Неговата интервенција дала резултат и за околу седум минути мачката повторно била свесна, иако исцрпена од трагичното искуство.
Пожарникарот Андерј Мејстер за локалните медиуми изјавил дека тој и неговата екипа пронашле маче веднаш откако влегле во стан на третиот кат од зградата во потрага по преживеани.