Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку зборуваше за напуштањето на Манчестер Јунајтед.
Италијанскиот клуб го привлече белгискиот напаѓач минатото лето.
– Солскјер ја заработи мојата вечна почит. Тој ме разбра кога во март реков дека е време да заминам. Се преселив во Премиер лигата на 18-годишна возраст и сега имам 26 години. Солскјер сакаше да останам, но ми требаше нов предизвик, изјави Лукаку за „А Бола”.