Нова бламажа на Роналдо и екипата: Второлигашот Мидлзбро го исфрли Јунајтед ФА Куп

Манчестер јунајтед испадна од престижниот ФА куп, откако загуби на пенали (7:8) од второлигашот Мидлзбро на Олд Трафорд.

Во рамките на шеснаестина финалето од престижниот ФА Куп, избраниците на Ралф Рангник демонстрираат немоќ против тимот од Чемпионшип и одиграа само 1:1 во регуларниот дел.

Во 20. минута, Кристијано Роналдо го изведе еден од најлошите пенали во својата кариера, промашувајќи го целиот гол, но во 25-та минута, Џејдон Санчо донесе водство. И кога сите мислеа дека домаќинот ќе обезбеди лесна победа, се случи спротивното.

Бруно Фернандеш на стартот од вториот дел промаши празен гол, додека голема радост за Мидлзбро донесе Мет Крукс. Скандалозниот момент на „Олд Трафорд“ се случи во 64.минута кога госите израмнија на 1-1. Данкан Ватмор со помош на раката ја смири топката во шеснаесетникот на Јунајтед и го проигра Мет Крукс кој погоди во мрежата на Јунајтед. ВАР реагираше, но по прегледувањето на снимката судијата Ентони Тејлор покажа на средината од теренот.

До крајот на мечот мрежите мируваа, по што се одиграа дополнителни 30 минути, во кои исто тка немаше голови.

Следеше пенал рулетот, во кој по првите пет казнени удари и двата тима беа пецизни, а погоди и Роналдо. Сепак, резервистот Еланга во осмата серија биеше преку голот, што беше крај за Јунајтед, отако претходно Пелтиер беше сигурен за Мидлзбро.

 

 

Треба да знаете
Последни објави