Португалија со извонредна игра во второто полувреме стигна до пресврт и триумф од 3-2 над Шпанија, во полуфиналето од европскиот шампионат во футсал.
Стануваше збор за реприза на финалето од ЕП 2018, а Шпанците отворија извонредно откако Гомез уште во првата минута донесе предност. Чино беше прецизен од далечина за 2-0 во 17. минута и се чинеше дека „црвената фурија“ е на чекор до финалето. Сепак, светските шампиони од Португалија одговорија на предизвикот на најдобсар можен начин, најпрвин Коелјо намали на 2-1, пред Зики со два гола да го комплетира големиот пресврт.
Португалците во големото финале ќе се сретнат со селекцијата на Русија, која во првото полуфинале ја совлада Украина со минимални 3-2.