Дејвис: Нè чека уште многу работа со тимот

Давид Дејвис дебитираше на клупата на Вардар со минимален пораз (24-25) од Нексе во Скопје во рамки на првото коло во СЕХА-лигата.

Шпанскиот стратег очекувано не беше пресреќен од конечниот исход, но ова беше само прв натпревар и очигледно ќе биде потребно време Вардар да почне да игра како што се очекува.

-Трениравме овој месец, бидејќи дел од играчите беа со своите репрезентации и доцна се приклучија. Сите бевме нервозни на овој прв натпревар. Не бевме најдобри, ќе мора да промениме многу работи во иднина. Екипата играше добро и јасно знаеме што ќе играме во иднина. Ќе бев посреќен со победа, но тоа е што е, не можеме да очекуваме многу уште на првиот натпревар. Нè чека уште многу работа со тимот, рече Дејвис по натпреварот.

Фото: Вардар Фејсбук (Денис Дуковски)

Треба да знаете
Последни објави