Вардар со пораз ja почна СЕХА, Нексе славеше во „Јане Сандански“

Ракометарите на Вардар како ја завршија минатата година во меѓународните натпреварувања, така ја започнаа и оваа, со пораз, овој пат на стартот од СЕХА Лигата.
Вардар е поразен во првото коло од регионалното натпреварување и тоа на домашен терен со 24:25 од Нексе.

Овој натпревар воедно претставуваше деби на клупата на Давид Дејвис кој дојде на местото на Веселин Вујовиќ на кого пак му пресудија шесте порази по ред во Лигата на шампионите и покажа дека Шпанецот ќе мора добро да ги засука ракавите.

И покрај послабото издание, вардарци имаа шанса да останат непоразени во СЦ „Јане Сандански“ но не го реализираа последниот напад, откако претходно Вејин на 40 секунди до крајот погоди за водство на Нексе од 24:25.

„Црвено-црните“ не го започнаа натпреварот според очекувањата и Нексе по 10 минути игра водеше со 3:6, предност која ја одржуваше до крајот на првиот дел кој заврши 11:13 во корист на хрватскиот тим.

Второто полувреме започна даелку подобро за Вардар, го остави противникот без гол во првите седум минути и со серијата од 4:0 поведе со 15:13. Нексе возврати со серија од 1:3 за 16:16 во 40 минута. Потоа следеше период на игра гол за гол, а двете екипи се менуваа во водство се до последната минута кога Вејин погоди за 24:25. Во последниот напад, шутот на Моралес беше изблокиран што значеше пораз на Вардар на стартот од СЕХА Лигата.

Јоел Куни Моралес и Тимур Дибиров со по пет гола беа најефикасни „вардарци“, а Мартин Томовски имаше шесто одбрани, Во редовите на Нексе се истакнаа Фахрудин Мелуќ со шест и Халил Јагањац со пет гола.
Следниот натпревар во СЕХА Лигата, Вардар ќе го играна гости кај Војводина, во вторник.

Треба да знаете
Последни објави