Играчот од средниот ред на фудбалската репрезентација на Хрватска и шпанскиот гигант Реал Мадрид, Лука Модриќ, во Загреб ја промовирашр автобиографија „Мојата игра”.
На презентацијата учествуваа директорот на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо, соиграчот Марсело, неговиот партнер во националниот тим Матео Ковачиќ и поранешниот селектор на хрватската репрезентација Славен Билиќ.
Триесет и четиригодишниот фудбалер е вице-првак во светот во 2018 година со хрватската репрезентација, четирикратен победник во Лигата на шампионите и клупското светско првенство со Реал Мадрид, како и носител на „Златната топка 2018″.



